Русија денеска го прекина емитувањето на радио станицата „Гласот на Америка“, соопшти денеска директорот на информативната агенција „Русија денес“.
Дмитриј Киселјов истакна дека договорот за емитување на програмата „Гласот на Америка“ на радио фреквенцијата АМ нема да биде обновена.
– Русија денеска нема да соработува со Гласот на Америка – нагласи Киселјов.
Киселјов се наоѓа на листата на Руси врз кои се однесуваат санкциите од САД, поради улогата и промовирањето на руската анексија на Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


