| четврток, 6 декември 2018 |

Чаплин поради една реченица морал да ги напушти САД

Во новата биографска книга за еден од најпознатите актери и забавувачи во историјата, Чарли Чаплин, авторот Питер Акројд едно поглавје посебно посветил на причините поради кои славниот филмски „Скитник“ морал да ги напушти САД.

Иако во текот на 40-тите години од минатиот век Чаплин се најде во средината на афера кога беше откриена неговата врска со тогаш малолената ќерка на американскиот писател Еуген О`Нил, ООно, која подоцна му стана сопруга, тоа што го протера од САД биле обвиненијата дека е комунист.

Причината поради која дошло до такви обвиненија биле неговите зборови кои ги изрекол во текот на вечерата во чест на руската уметност во Њујорк.

– Руските чистки биле преубава работа, наводно изјавил Чаплин пред гостите.

– Единствени луѓе кои ги напаѓаат комунистите и кои ги користат како предмет на страв се нацистичките агенти во оваа земја, додал тогаш славниот комичар.

Актерот брзо потоа се нашол на удар и покрај тоа што секогаш тврдел дека не е комунист. Во тоа време неговиот филм Господин Вердокс доживеа неуспех и Чарли првпат изгубил пари на филм.

Во текот во 1947 година еден конгресмен барал неговата депортација затоа што го „загрозувал моралот на Американците“.
Брзо после тоа се најде под истрага на злогласниот Одбор за противамерикански активности. Поради тоа многу трпел затоа што многу пријатели се плашеле да го посетат. Во текот на прославата на Новата година еден гостин дури и го плукнал во лице.

После сето тоа, славниот комичар и неговото семејство повеќе не се чувствувале пријатно и во 1952 година одлучиле да одат во Лондон на премиерата на филмот Светла на сцената. Во текот на патувањето со бродот Квин Елизабет дознал дека му е забрането враќање во САД иако никогаш не бил испрашан за неговите политички склоности и моралот.

Првата реакција на таа вест бил пркосот, но актерот подоцна попуштил затоа што му било страв дека САД ќе му го одземе целиот имот. Тоа му било застрашувачки затоа што целиот живот се плашел од враќањето во сиромаштија со кој бил запознаен во детството.

Кога најпосле стигнал во Лондон е пречекан со овации. За да го спаси имотот, сопругата Оону ја испратил во Холивуд каде таа успеа да дојде до нивните пари и уплатила четири милиони долари на сметка во странство.

Кога се вратила, одлучиле да се преселат во Швајцарија каде живеел до неговата смрт, на 25 декември 1977 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top