| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски од Кавадарци порача дека „Кофикаб“ ќе отвори нови работни места

vmro vo skopje 22 (Custom)

Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во изборната единица 1, вечерва во Кавадарци најави нова странска инвестиција во името на „Кофикаб“. Оваа фабрика, за почеток ќе ангажира нови 150 вработени.

– Предвидено е и очекувме да се изгради фабрика која што доаѓа заедно со Дрексел Мајер и ќе отвори 150 нови работни места. Значи, покрај оние 4.500 вработување што ги најави Дрексел Мајер, плус уште 150 во новата фабрика Кофикаб, која веќе започнува да функционира. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top