| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски ја посети фабриката за играчки во Лешок „Мактојс“

попоски во мактојс

Никола Попоски, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во изборната единица 6 денеска во селото Лешок ја посети фабриката за играчки „Мактојс“. Попоски е во посета на населените места во општините Теарце и Јегуновце. Попоски го посети и Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј”, црквата од 14.  век „Св. Богородица”, спомен-собата во манастирскиот конак посветена на Кирил Пејчиновиќ, како и гробот на овој македонски преродбеник од 19 век во склоп на манастирскиот комплекс.

Посетата на Лешок, Попоски ја заврши со средба со здравствените работници од специјализирана болница за туберколоза и белодробни заболувања “Лешок”.

Посетата на општината Теарце, носителот Никола Попоски ја заврши со средба со жителите на Непроштено и посета на основното училиште во ова село.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top