Во последните 50 години не се случило во Кичево да има во исто време шест огласи за работни места. Тоа е сега реално, благодарение на Законот за изградба на автопатот Кичево-Охрид и Требеништа – Струга – изјави Антонио Милошоски, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Изборна единица 5 при денешната посета на Кичево.
Милошоски додаде дека се очекуваат уште 400 вработувања со доделувањето на концесии за Стогово и за Тајмиште, како и нови вработувања со изградбата на хидроелектричната централа „Бошков мост“ и со инвестицијата на американската компанија „КСС“.
-Хидроелектричната централа ќе почне да се гради во текот на годинава. Она што е најважно за кичевчани, по многу затворени фабрики во периодот на транзицијата, е отворањето на странската инвестиција на американската компанија „КСС“ кои ќе почнат со 300 вработувања, а ќе стигнат до 750 вработени, нагласи Милошоски.
Според носителот на листата во петтата ИЕ, тоа се добри вести за Кичево и за целиот регион.
-Со голема поддршка и задоволство од граѓаните, очекуваме довербата да биде оправдана и од нас како политичари и од општината која што од Владата добила големо внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.