| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен бара Русија да ги повлече војниците од границата со Украина

rasmusen

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека последните случувања во источниот дел на Украина се повод за сериозна загриженост и ја повика Русија да ги повлече своите војници распоредени на руско-украинската граница.

– Секој друг потег во источна Украина би претставувал сериозно заострување на ситуацијата, а не смирување – нагласува Расмусен на прес-конференција во Париз.

Тој оцени дека Русија би требало да ги повлече десетиците илјади војници, што во моментот се стационирани на нејзината граница со Украина.

Во трите источни градови на Украина – Луганск, Донецк и Харков од неделата почнаа немири, кога проруски демонстранти ги презедоа зградите на локалните органи на власта прогласувајќи „народни републики“ и барајќи приклучување кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top