Носителот на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски при денешната посета на Охрид оствари средба со здруженијата на бродари и кајчари, на која се дискутираше за проектот Изградба на Марина Охрид кој што е предвиден во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ (2014-2018) и кој што опфаќа доградба на пристаништето и изградба на уште два крака, со кои би се заокружила целината на градското пристаниште во Охрид, известија од партијата.
По оваа средба Милошоски се упати на прошетка низ чаршијата и имаше средби со пазарџиите во Охрид на кои што информирал дека Владата ќе продолжи со доделување на субвенции за земјоделските производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.