| четврток, 6 декември 2018 |

Подравка и Локомотива(З) се прошетаа по Скопје

Металург ремизираше 22-22 со Подравка и тоа е единствениот бод од осумте што овде беа во оптек деновиве од женската регионална ракометна лига

Хрватските женски ракометни екипи остварија три победи во четири средби одиграни денеска и во петокот во нашиот главен град. Металург и ЖРК Вардар во ниту еден од натпреварите во регионалната ракометна лига не дојдоа до победа и од одмерувањата со Подравка и Локомотива (З) ќе мора да се задоволат со еден бод. Тој е освоен денеска од страна на македонскиот првак откако предходно во текот на денот црвено-црните загубија од Локомотива (З), а и двете наши екипи трпеа порази пред два дена.

Промената на противниците повеќе им одговараше на ракометарките на Металург кои беа близу до победа во мечот во Автокоманда со Подравка, но Бајрамовска при 22-21 промаши удар од седум метри, а потоа гостите реализираа за конечни 22-22. И ЖРК Вардар играше подобро и во еден период од првото полувреме водеше со 4 разлика, но дозволи долга противничка низа и сепак загуби од загребска Локомотива со 28-25.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top