| четврток, 6 декември 2018 |

Беровка изнудувала мито

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава за Н.А. (41) од Берово, инспектор во РЦ за ГР „Исток“, за сторено кривично дело примање поткуп.

На 3 април годинава, околу 9 часот, пријавената од лице од с. Мачево, Беровско, која сакала да ја промени патната исправа, побарала и примила поткуп од 1.000 денари со изговор дека треба да се наплати казна опомена за сторен наводен прекршок оштетување на нејзината патна исправа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top