Проблемите со спиењето не се само психички проблеми, туку тие влијаат на целокупното здравје и не треба да се игнорираат, предупредуваат научниците од Медицинскиот универзитет „Чеи Меи“ на Тајван. Тие ги анализирале медицинските досиеја на 84.000 луѓе, од кои 21.000 страдале од несоница.
Научниците го следеле нивниот здравствен статус четири години и откриле дека луѓето од сите возрасти се изложени на поголем ризик од срцев удар, додека ризикот е осум пати повисок за оние што се помлади од 40 години.
Како најголем ризик за развој на болести на срцето е комбинација од несоница и дијабетес, тврдат научниците. Иако не е јасна точната поврзаност меѓу несоницата и срцев удар, тие сметаат дека честото изоставување на сонот придонесува за системско воспаление, зголемен крвен притисок и хиперактивност.
Во комбинација со нездрави навики, како што се пушењето, пиењето алкохол и живот со високи дози стрес, несоницата често може да предизвика срцев удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.