| четврток, 6 декември 2018 |

Чилеанските рудари денес се славни, но повторно сиромашни

Беше тоа голема приказна за храброста и преживувањето, која сега доби и продолжение, бидејќи еден од главните јунаци на приказната, Марио Сепулведа, или како што го нарекуваат Супер Марио, реши да проговори што се случува во нивните животи откако „се угаснаа рефлекторите“. Иако од сите рудари кои беа во заточеништво, тој беше најекспониран, но тој ниту успеа да заработи, ниту да се збогати на својата несреќа, пишува „Дејли Мејл“

чиле рудари

Повеќе од една милијарда луѓе низ светот пред три и пол години на телевизија го следеа драматичното спасување на 33 рудари од Чиле, кои беа затрупани во окното неверојатни 69 дена.

Беше тоа голема приказна за храброста и преживувањето, која сега доби и продолжение, бидејќи еден од главните јунаци на приказната, Марио Сепулведа, или како што го нарекуваат Супер Марио, реши да проговори што се случува во нивните животи откако „се угаснаа рефлекторите“. Иако од сите рудари кои беа во заточеништво, тој беше најекспониран, но тој ниту успеа да заработи, ниту да се збогати на својата несреќа, пишува „Дејли Мејл“.

Тој раскажува дека него и колегите рудари кои беа затрупани, па спасени, по несреќата ги воделе во Дизниленд, на грчките острови, во Израел, на фудбалски наптревар каде што е домаќин Манчестер јунајтед, за нив се снима и филм во Холивуд, но три и пол години подоцна овие луѓе се чувстуваат напуштено и искористено.

Супер Марио на новинарите им рекол дека денес тој повторно се враќа во рудникот за да може да го нахрани своето семејство. Неговиот лик ќе го толкува холивудската ѕвезда Антонио Бандерас, но Марио не е многу среќен поради тоа.

– Тие снимаат филм за нас, но нашиот вистински живот нема холивудски крај – вели Марио.

Тој ја сака самотијата и темницата, бидејќи кога ќе излезе надвор, луѓето им приоѓаат и сакаат да се фотографираат или да се ракуваат со него.

– Имам слава, но немам пари. Нема ништо полошо од тоа – вели Марио.

Тој раскажува дека некои негови колеги, вклучувајќи се и себеси имаат психички проблеми, не само затоа што толку долго биле под земја, туку затоа што подоцна биле мета на камерите и на се она што се случувало. Марио вели дека ни ни сонувале дека ќе има таков циркус откако ќе бидат спасени.

– Сите сме скромни и работни луѓе, а потоа одеднаш неколку месеци бевме суперѕвезди. Но, славата полека изминува, оставени сме да патиме во тишина и поради тоа многумина од нас денес имаат проблеми со здравјето – вели Марио.

Тој е незадоволен од фактот што истрагата за несреќата во рудникот е завршена, а не е утврдена ничија одговорност. Според него, Чиле е корумирана земја во која богатите не можат да одговараат.

Но, и по три и пол години тој истакнува дека е горд на себе и на колегите и на тоа како успеале да ги преживеат тие денови под земја.

– Сега има секакви приказни, за секс меѓу рударите, за канибализам, дрога и што уште не. Тоа се лаги на поединци кои сакаат да заработат на сезнации – заклучува Марио.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top