| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ контра ММФ- треба да се штеди

Еврокомесарот Рен бара намалување на буџетските дефицити во ЕУ, иако економисти од ММФ оценија дека тоа ја слабее економијата во државите.

Државите од ЕУ да продолжат со намалување на буџетските дефицити за да излезат од кризата, порача од Брисел еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.

Овој повик доаѓа и покрај оценките на ММФ дека таквата политика се заканува да ја ослабне нивната економија. Пребрзото намалување на дефицитот може да биде контрапродуктивно за презадолжените држави, како што е Грција, оценија неодамна во ММФ.

Според Рен, Монетарците во студијата користеле податоци од минатиот октомври и во неа не се вклучени комплетните податоци, како и дека ММФ го предвидува фактот дека инвеститорите очекуваат од владите намалување на јавниот долг.

Треба да се земе предвид моментот на доверба, истакна еврокомесарот, додавајќи дека влијанието на мерките за штедење се разликува од држава до држава, додава Рен. Благодарејќи на преземените резови, тој оценува дека буџетските дефицити станале поприфатливи, а државните долгови поодржливи, но потребно е да се направат натамошни напори со цел да се намалат се уште високите државни долгови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top