| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ воведува бесплатни повици на својот „Месинџер“

Откако компанијата „Фејсбук“ го купи „ВатсАп“ за 16 милијарди долари, се поставува прашањето што ќе се случи со постоечката апликација за пораки.

Компанијата вчера воведе новина која им дава опција на корисниците да имаат бесплатни повици кон своите Фејсбук пријатели преку Месинџер.

Новата опција е слична со повиците кои се веќе стандардни во сличните апликации, како што се „Вибер“ и „ВиЧет“. Корисниците можат да ги повикуваат своите пријатели бесплатно, доколку имаат безжична конекција.

Сега кога ќе ги погледнете своите контакти, во рамки на „Месинџерот“, на иконата се појавува телефон покрај секое име.

Се кликнува на иконата и на тој начин може да се разговара. Двајцата корсници треба да имаат ви-фи за да можат да го примат повикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top