| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на средба со тетовци: Новите вработувања и странските инвестиции ќе го подобрат квалитетот на живеење

poposki3

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски денеска  го посети Тетово при што оствари средба со митрополитиот на Тетовско-гостиварската епархија Јосиф Лешочки.

На средбата беа повторени демохрисијанските начела на ВМРО-ДПМНЕ и беше истакната улогата на Македонската православна црква во зачувувањето и одржувањето на македонскиот идентитет и традиција.

popooski500

Попоски се интересираше за состојбата на црквите и за православните граѓани на Република Македонија во оваа епархија и доби уверување дека МПЦ прави сѐ што е во нејзина моќ за да ги зачува православните храмови, унапредувајќи го и духовниот живот на Македонците во овој крај.

 Носителот Попоски во 12 часот го отвори регионалниот изборен штаб во Тетово, при што рече дека ВМРО-ДПМНЕ во својата нова програма има предвидено детални проекти и мерки за вработувања и за привлекување странски инвестиции, кои ќе го подобрат квалитетот на живеење во Република Македонија.

Попоски ја истакна  новата програма, при што укажа  дека со неа се предвидени нови 64.000 вработувања, а со новите  2046 проекти ова е најдобрата и најквалитетната програма кога било претставена пред граѓаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top