Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу полноќ на булеварот „Партизанска“ во населбата Карпош 2 во Скопје. Додека неколку млади луѓе чекале автобус на станица, директно во нив удрило „ауди“. Повредени се две девојки и едно момче.
Според информациите на „Канал 5“, едната повредена девојка во вчерашната сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ спроти хотел „Карпош“ е во критична состојба, со повреди на главата, и е сместена на КАРИЛ.
Момчето, пак, откако било згрижено на трауматологија, по барање на неговите родители било префрлено во болницата „Систина“.
Втората повредена девојка по укажаната лекарска грижа била пуштена на домашно лекување со помали повреди.
Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, лицето што го управувало автомобилот „ауди тт “ што удри во група граѓани на автобуската станица во наслебата Карпош 2 немало возачка дозвола.
– Лицето што го управувало возилото немало возачка дозвола, автомобилот не бил регистриран и не бил во негова сопственост. Значи, направени се серија прекршоци – изјави Гордана Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.