| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за младите семејства: Ќе се намали данокот за училиштен прибор и за бебешки производи

Ekonomija-DDV-calculator

Намалување на стапката на ДДВ од 18 на пет проценти за училиштен прибор и за бебешки производи е мерката што е предвидена во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на младите семејства, а која влегува во сила годинава и ќе трае 365 дена.

Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес истакна дека со овие мерки предвидени во новата програма на партијата најдиректно ќе им се помогне на младите семејства.

-Ќе се помогне преку намалување на стапката на ДДВ од 18 на пет проценти за набавка на училиштен прибор. Тоа е многу подобро и покорисно решение од мерката на СДСМ за еден викенд во годината без ДДВ за училиштен прибор. Ние ќе овозможиме цела година, 365 дена во годината, набавка на училиштен прибор со повластена, ниска стапка на ДДВ од пет проценти. Намалување на стапката на ДДВ од 18 на пет проценти за набавка на бебешки производи. Ова е голема поддршка на младите родители, кои по пониска цена ќе може да набавуваат сè што е потребно за бебињата: колички, пелени и сè друго – исткна Ставрески.

Тој посочи дека ќе има намалување на каматните стапки во проектот „Купи куќа купи стан“, и тоа првите три години место досегашните 4,9 проценти, каматната стапка ќе изнесува 3,95 проценти, а во четвртата и во петтата година место 5,5 проценти ќе изнесува 4,44 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top