Руските власти ја прекинаа потрагата откако нуркачите вчера неуспешно го пребаруваа замрзнатото езеро претпоставувајќи дека метеорот тука паднал.
Портпаролот на министерството за итни ситуации Влачеслав Ладоник рекол дека нуркачите и покрај опсежната потрага не пронашле ништо во езерото.
– Сметаме дека дупката со пречник од осум метри не е последица од удар на вселенско тело, рекол Ладонкин.
Тој истакнал дека владата смета оти дупката е предизвикана од друга причина и за сега пребарувањето е прекинато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.