
Момче и девојка се во тешка здравствена состојба, а друга девојка поминала со полесни повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на булеварот Партизански одреди, спроти хотел „Карпош“.
Според МВР, до несреќата дошло откако 19-годишно момче, кое управувало „ауди ТТ“ се судрило со автомобил фолксваген, а потоа излетало од булеварот и удрило во група луѓе што стоеле на автобуската станица, за на крај да заврши во трафика.
Од ударот потешко биле повредени една 20-годишна девојка и едно 19-годишно момче, а нивната 20-годишна другарка имала повеќе среќа. Сите тројца се префрлени во Ургентниот центар во Скопје каде што им е укажана лекарска помош.
Полицијата сè уште го расчистува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


