
Потекнувам од дом за деца без родители. Го напуштив дома и добив стан на користење. Дали ова ќе важи и за моите пријатели што сега ќе излезат од домот?
Груевски: Да ќе важат и не само што ќе важат и ќе се унапредуваат. Ќе има 25 процентно зголемување на средствата што се даваат на овие деца кога излегуваат од дом. Јас сум израснат во близина на домот, секој ден се среќавав со нив, игравме кошарка, им ги знам маките. Ми помогна тоа, знам што треба да се направи, за што им треба помош. Им даваа 200-300 евра, не може од тоа да се живее. Ги направивме 3 000 евра.
Во тоа време еден или двајца студираа, немаа услови. Донесовме закон секој што сака да студира да добива парична месечна помош. И живот под кирија додека студираат. Таа помош ја зголемуваме.
Една од основните работи е што доделивме голем број станови, 101 стан, доделуваме уште, над 130 станови се доделени.
Најважната мерка е што донесовме закон да се вработуваат деца излезени од Домот за деца без родители. Годинава вработивме 83 деца, продолжуваме со нови вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


