Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, изјави дека судбината на хрватските граѓани се креира и во Брисел и поради тоа, уште претходно, ги повика политичките партии во кампањата за Европарламентот да се фокусираат на европските теми, кои се однесуваат на хрватската улога во ЕУ и улогата на ЕУ во Хрватска.
Тој не смета дека бирачите ќе се збунат поради доставените дури 25 листи за избори за пратеници во Европарламентот.
– Граѓаните се мудри и го разбираат проблемот, а и тогаш кога не излегуваат на избори и тоа е некаква порака – вели хрватскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.