Веста дека двајца млади спортисти во последниве два дена починале изненадно, еден во теретана, а друг на тренинг во веслачки клуб, ја шокираше јавноста но не и лекарите.
Српските лекари велат дека неочекуваната смрт кај младите се случува често и дека во Америка носи стотици илјади млади животи годишно.
Шефот на Неврокардиолошката лабораторија КБЦ Бежанијска коса во Белград, Бранислав Миловановиќ вели дека напрасната смрт од инфаркт настанува неочекувано „како гром од ведро небо“ и во рок од неколку часа од појавата на првите симптоми.
Миловановиќ додава дека причината може да биде вродена аномалија на срцето, која не е дијагностицирана на време, но и акутни инфекции на ентеро вирусите.
– Причината за изненадната смрт би можела да биде акутна инфекција на вируси, кои може да доведат до воспаление на срцевиот мускул. Како последица од воспаление на срцевиот мускул доаѓа до пореметување на срцевиот ритам. Лицето кое се бави со спорт, а не знае дека има воспаление на срцевиот мускул е во голем ризик, нагласува Миловановиќ.
Секој спортист, нагласува Миловановиќ, мора барем еднаш годишно да направи комплетна кардиолошка дијагностика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



