Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар – Скопје денеска во 11 часот, во Градски парк во Скопје, ќе има параден настап. Музичарите од Градскиот дувачки оркестар свирејќи ќе се движат од фонтаната „Лотосов цвет“, до летната сцена „Школка“ во близина на поранешниот ресторан „Езерце“.
Оркестарот во рамки на саботното парадно дефиле, еден час ќе ги изведува композициите таканаречени чекорници и делови од најпознатите светски маршови соодветни за ваков тип настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.