Амбасадорите на Русија, Игор Чубаров и Сергеј Бакарев, во нивниот телефонски разговор ги исмевале Бурагија и Романија, кои не се интересни за Русија, и најавиле поход на Лондон, Калифорнија и на Мајами.
Британски „Гардијан“ на својот веб-сајт објави аудиоснимка од приватен разговор меѓу руските амбасадори во Еритреја, Игор Чубаров, и во Зомбабве и Малави, Сергеј Бакарев, во текот на кој тие двајца слатко го исмевале стравувањето на Западот од руските освојувачки походи.
Разговорот почнува куртоазно, Чубаров му честита на Бакарев што Зимбабве, покрај Судан, е првата африканска земја што правилно ги сфатила настаните во Украина и ѝ дала поддршка на Русија.
– Моите се воздржани иако велат дека со срцето се со нас, почнал да се шегува Чубаров и низ смеа додава: „Нема врска, ќе признаат кога ќе дојде до Јужна Осетија и Абхазија“.
Тука и Бакарев почнува да се смее, па Чубарев продолжува: „Сега задачата ми е лесна. Им повторувам на оние од ЕУ: момчиња Крим го зедовме, но тоа не е крај (се смее). Ќе ја земеме и Каталонија, Зимбабве, па Шкотска, Алјаска и тогаш ќе се смириме“. На тоа и двајцата гласно се смеат.
– Ќе се смириме во првата фаза, продолжува Бакарев, а Чубаров му одговара дека го одобрува и најавува освојување на Летонија, Естонија, Бугарија и Романија.
– Не, нив не ги сакаме, подобро да ги фатиме Калифорниленд, Мајамиленд, такви „ненаселени“ места – се шегува Бакарев.
– Во право си и онака во Мајамиленд нашите граѓани ја сочинуваат 95 проценти од популацијата, имаме право да одржиме референдум – вели Чубаров.
Потоа заклучуваат дека е подобро Романците и Бугарите да ги остават во ЕУ заедно со сите останати „го…“.
– Неодамна разговарав со еден европски парламентарец за сѐ и сешто и ми предложи да ги земеме назад Бугарија и Романија, а јас му велат не, не никако луѓе, не бидува таа работа. Уживајте вие таму со сите нив – додава низ смеа Бакарев.
Откако слатко се изнасмеаја, амбасадорите се поздравиле и го завршиле разговорот. „Гардијан“ не соопшти кој го снимал разговорот на амбасадорите и како дошле до оваа снимка, доколку е веродостојна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


