| четврток, 6 декември 2018 |

Обама му вети на тунискиот премиер кредитни гаранции

barak

Американскиот претседател Барак Обама му вети на тунискиот премиер Мехди Жома кредитни гаранции, со кои Тунис ќе може да ја заживее својата економија.
Обама на средбата со Жома во Белата куќа изјави дека поддршката од Вашингтон ќе му олесни на Тунис да обезбеди околу 500 милиони долари од меѓународните капитални пазари при поволни каматни услови.
Жома изјави дека сега откако екстремизмот во Тунис е под контрола и транзицијата кон демократија е во тек, време е Владата да се фокусира на економијата.
Северноафриканската земја беше татковината на Арапската пролет, серијата продемократски бунтови, кои се проширија во регионот во 2011 година. Земјата се обидува да ја пополни дупката од две до три милијарди долари во буџетот за оваа година, претежно преку заеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top