Владејачката коалиција „За подобра Македонија“ вечерва одржува митинг во Куманово.
Кумановци денес масовно се собраа да му дадат поддршка на кандидатот за претседател на владејачката коалиција, Ѓорѓе Иванов.
Како што посочи доктор Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните од Куманово во претходниот мандат на Иванов видоа дека се работи за човек од народот кој ја оправда довербата.
-Иванов демонстрираше една зрелост, искуство, смиреност, прототип на Македонецот. Затоа Кумановци го препознаа како свој човек, како човек од народот, човек кој со мудрост и искуство ја води оваа држава. Претседателот на државата е главниот репрезент на државата и на народот кој го претставува. Сметам дека и до сега и натаму Иванов многу совесно, филозовски мудро ќе ги брани интересите на оваа држава. Во неговото претставување видовме без многу избрзани потези, еден зрел политичар, политичар кој заслужува и во наредните 5 години да го води овој народ – рече Ѓорѓиевски.
Тој беше кандидат за градоначалник на Куманово и истакнува дека СДСМ во овој град доби мандат и покрај некои недоследности. Централната власт и покрај тоа, рече Ѓорѓиевски, покажува дека и Куманово е дел од Македонија.
-Досега асфалтирани се два локални пата, во тек е изградба на мултифункционалното игралиште. Имаше барање од Министерството за транспорт и врски за решавање на инфраструктурните проблеми во руралните средини околу Куманово, но опозициската СДСМ не покажа доблест да ги прифати тие понуди во интерес на граѓаните да ги реализира. Куманово од таа страна е хендикепирано. Кумановскиот градоначалник ветува економска зона, но со години не ја прави. Ние се надеваме дека ако тој тоа го направи, Иванов и Владата ќе најдат доверители – рече тој.
Останува да видиме, рече тој, дали раководството на СДСМ, ќе има доблест, во интерес на народот, да ја пружи раката за соработка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Во Куманово денеска гласаат 64 болни и немоќни лица



