| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо не оди на „Сан Себастијан“

Кристијано Роналдо, дефинитивно, нема да игра за Реал во саботниот дуел против Реал Сосиедад поради полесна повреда која ја заработи на првиот четврт-финален натпревар од Лигата на шампиони со Борусија Дортмунд.

– Ќе му дадеме малку време на Кристијано за да се одмори, но и не би ризикувале да се влоши повредата. Ќе остане во Мадрид, каде што ќе тренира за да биде подготвен за реваншот против Борусија – изјави Карло Анчелоти.

Португалецот веќе подолго време има одредени проблеми со повреденото колено, но, без разлика, не пропуштил ниту еден натпревар за „кралскиот клуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top