| четврток, 6 декември 2018 |

Министерстово за образование и Град Скопје со поддршка за училишниот спорт

о повод Меѓународниот ден на спортот – 6 Април, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска ја нагласија заложбата за што поголем број ученици-спортисти при посетата на средното „Здравко Цветковски“ кое важи за едно од спортски најактивните училишта

училишен спорт

Училишниот спорт е меѓу приоритетите во образованието за ресорното Министерство, кое во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишни спортови неодамна промовираше програма за реформи со кои учениците ќе се поттикнуваат да спортуваат.

По повод Меѓународниот ден на спортот – 6 април, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска ја нагласија заложбата за што поголем број ученици-спортисти при посетата на  средното „Здравко Цветковски“ кое важи за едно од спортски најактивните училишта.

– Со распишаниот конкурс за средно, предвидени се седум дисперзирани паралелки и веќе почнува процесот на пријавување и селекција на ученици. Вториот фокус што си го поставивме е до 2016 година да се зголеми бројот на ученици вклучени во училишниот спорт. Нашиот план за наредните две години е на ниво на целата држава активно да бидат вклучени 100.000 ученици, наспроти сегашните 30.000 – рече Ристовски.

Градоначалникот Трајановски изјави дека од почетокот на неговиот мандат во 2009 година, Град Скопје формирал Сојуз на средношколски спорт во кој се вклучени сите средни училишта во главниот град. Тие формирале 200 клубови, кои опфаќаат 5.000 ученици и околу 600 натпревари во година. Двете првопласирани училишта учествуваат на државната гимназијада.

– Град Скопје вложува околу два милиона денари за функционирањето на лигата, зашто се плаќаат судии и дополнителниот ангажман на професорите. Исто така, годишно издвојуваме и по 1,5 милион денари за меѓународни натпревари – рече Трајановски.

За различни видови спортови Град Скопје има и репрезентации од најдобрите ученици-спортисти,  кои гостуваат во градови од соседните земји, за што од буџетот на градот се издвојуваат по еден милион денари.

Ристовски и Трајановски се задоволни и од пласманот и резултатите што учениците ги постигнуваат на натпреварувањата. Сметаат дека влогот во спортот е најправилна инвестиција зашто на најмладите им носи и  подобро здравје и физичка подготвеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top