Европската унија објави дека наскоро ќе ја тужи Русија пред Светската трговска организација (СТО), во настојувањата да ја поттикне да ја укине забраната за увоз на свинско од ЕУ.
Брисел тврди дека реакцијата на Москва на епидемијата на африканска свинска чума во Литванија е несразмерна, бидејќи се блокирани извозниците на свинско од цела ЕУ, особено тие од Данска, Холандија и од Германија.
– ЕУ ги исцрпи сите можни дипломатски опции за решавање на оваа несразмерна руска забрана на европски производи од свинско месо- рече портпаролот на ЕУ за трговија, Џон Кленси.
– ЕУ во оваа фаза нема избор и мора во многу блиска иднина да започне со подготовките за поднесување на тужба против Русија пред СТО по ова прашање – додава Кленси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
За Русија сме и ќе бидеме Република Македонија