На својот Фејсбук“ профил премиерот Никола Груевски објави дека е потврдена нова инвестиција на KEY SAFETY SYSTEMS во Кичево и 1 000 нови вработувања за кичевчани.
-За ваков ден вреди да се работи и бори во политиката. Потврдена нова инвестиција на KSS SAFETY SYSTEMS во Кичево и 1000 нови вработувања за кичевчани. И 670 вработувања за изградба на новите автопати Кичево-Охрид и Скопје-Свети Николе- Штип, напиша Груевски.
Водечката компанија за сигурносни производи го проширува европскиот капацитет и објави план за отворање на фабрика во Македонија.
-Key Safety Systems (KSS), водечки глобален снабдувач на софистицирани сигурносни производи, вклучувајќи механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси за автомобилски и неавтомобилски намени, со задоволство го соопштува планот да го зголеми својот производствен капацитет во Европа, заради исполнување на континуиран раст, преку инвестиција во Македонија, стои во објавата на сајтот на компанијата
Планот се состои од започнување со работа во Brownfield локација (постоечки објект) при крајот на 2014 година, по што ќе следи почеток со производство на Greenfield локација кон средината на 2015 година. Целна локација е градот Кичево.
-Во почетната фаза на инвестицијата ќе се произведуваат воздушни перничиња и ќе се отворат 800 до 1000 нови работни места. Локацијата е соодветна за да овозможи идно значително проширување на оваа производствена линија, како и на други производи и услуги во иднина. Планот за инвестиција на KSS во Кичево е во согласност со нашата посветеност да ги снабдуваме нашите клиенти низ целиот свет, преку обезбедување на производи со најдобар квалитет, цена и технологија, вели Jim Scarpa, Виш Заменик претседател на KSS за глобални операции.
Key Safety Systems (KSS) е светски лидер во дизајн, развој и производство на автомобилски сигурносни-критични компоненти и системи, вклучувајќи механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси. Производите на KSS се дел од повеќе од 300 модели на автомобили произведени од повеќе од 60 високо-диверзифицирани клиенти низ целиот свет.
KSS е со седиште во Sterling Heights, Mичиген, САД, со меѓународна мрежа од 29 продажни, проектантски и производствени капацитети кои вработуваат приближно 9 000 луѓе низ целиот свет. Компанијата има 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Локализирани пожарите во околината на Kичево


