| четврток, 6 декември 2018 |

Путин му се јави на Обама, тој пак побарал да се повлечат руските трупи од Украина

Претседателот на руската федерација, Владимир Путин синоќа му се јавил на американскиот претседател Барак Обама, кој се наоѓа во Саудиска Арабија, за да разговараат за моменталната состојба во Украина. Ова е првпат Путин да иницира разговор со Обама откако Вашингтон воведе санкции против високите руски функционери поради анексијата на Крим.

Белата куќа соопшти дека во текот на телефонскиот разговор американскиот претседател побарал од Путин да ги повлече руските трупи, кои во моментов се наоѓаат на границата со Украина. Обама исто така побарал од Путин да понуди конкретни предлози за решавање на кризата во Украина. Двајцата лидери се сложиле дека наскоро би требало повторно да се сретнат државниот секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и да ги разгчедаат счедните чекори во решавањето на кризата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top