Меѓу поважните мерки што покажаа посебен резултат во поглед на зголемувањето на вработеноста е и креирањето на веб-сервисот avrm.gov.mk и мобилната апликација prv.mk. Преку тие алатки, побрзо и полесно, навремено се информираат сите невработени лица, а особено најмладите за сите отворени огласи во секој момент.
Живееме во време на брзо темпо кое ни наметна и брзи комуникации и информации и затоа добивањето, пак, брза, навремена и релевантна информација од прва рака е многу важно. Приспособувајќи се на ова темпо, Министерството за труд и социјална политика, почна еден исклучително важен проект кој е во насока на зголемување на информираноста на младите лица со можностите за вработување чија целна група ќе бидат младите невработени лица на возраст од 18 до 29 години и студентите во завршните години на студирањето.
– Станува збор за модернизирање на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија, односно за новиот веб-сајт на кој првпат на едно место ја имаме понудата и побарувачката и кое во светот е познато како „job market“, коишто ќе бидат од големо значење во концептуална смисла на оние кои бараат работа и оние коишто нудат. На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на младите лица за барање работа и (до)школување – информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Бенефитите од еден ваков пристап до невработените лица се многукратни. Пред сѐ, брз и релевантен извор на информации од прва рака, добивање информација во секое време и следење на огласите за работа на евтин и едноставен начин.
Ова, според ресорното министерство, е нов исклучително важен проект, бидејќи овозможува навремени информации за сите отворени работни места, број на отворени работни огласи и секој што ќе се најави на веб-сервисот, односно кој ќе се регистрира ќе може да добива известувања по е-пошта и СМС, со што ќе се поттикнат невработените да конкурираат, да бараат работа и да не се откажуваат.
Преку динамичен и проактивен пристап, и барателите и огласувачите на работни места ќе имаат шанса и можност за остварување на својата примарна цел – вистински, брза информација на вистинско место.
Од Министерството за труд и социјална политика ги охрабруваат сите баратели на работа да бидат проактивни, што е можно почесто да ја отвораат, да ја користат оваа веб- страница бидејќи само така ќе се постигне целта – динамичен и релевантен веб-сервис.
Од друга страна, пак, сите понудувачи на работни места ќе бидат сигурни дека информацијата стигнува на правото место.
Во таа насока, изготвен е и Акциски план кој претставува сет од промотивни активности, кои на современ, директен и атрактивен начин ќе информираат и едуцираат за можностите и придобивките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување.
Промотивните активности се реализираа преку информативни средби во девет поголеми единици на локална самоуправа и Градот Скопје, развој на апликација за мобилни телефони со која ќе се информираат лицата за слободните работни места и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, формирање на инфоклубови на четири универзитети и медиумска кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



