Трагедијата што се случи во сиднејската населба Карлтон длабоко ја потресе македонската заедница во Сиднеј и Австралија. Од засега не разјаснети причини, триесет и осумгодишниот Тони. К. со неколку истрели од огнено оружје ја убил својата сопруга, триесет и шестгодишната Татијана К., а потоа си го одзеде животот, пишува сајтот www.shilomagazine.com.au.
Брачната двојка зад себе остави три малолетни деца, кои, за среќа, за време на убиството се наоѓале кај родителите на сега починатиот Тони. Според порталот, македонската јавност низ Сиднеј шпекулира за причините, но се чека официјален извештај од сиднејската полиција, која врши обдукција на телата.
Пред да се убие Тони, како што пишува порталот, објавил последна порака до своите деца на профилот на „Фејсубк“ во која пишува дека така морало да биди и дека тој и мајка им ќе ги гледале од небото. Во пораките пишувал и дека се сомневал дека сопругата го изневерува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст