Компанијата „Дени интернационал“ го проширува бизнисот во Општината Илинден со отворање нов административно-деловен и магацински простор, во кој ќе бидат вработени околу 60 лица.
Новиот простор ќе биде на површина од 3.000 квадратни метри и ќе биде наменет за пакување и препакување логистички пратки. Вкупната инвестиција изнесува 1,4 милион евра.
Компанијата повеќе години стопанисува во општина Илинден и располага со шпедиција, транспортен и логистички центар, како и бензиска пумпа на влезот во општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.