| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Берово: Македонија добива лице на земја во која се градат автопати

ivanov-vinica

– Како претседател силно се залагам за развој на Берово. И понатаму ќе се трудам во создавањето услови за младите да останат во овој крај. Во време на голема економска криза успеавме да градиме и  привлекуваме странски инвестиции во Берово и околината – рече кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов на вечерашниот митинг во Берово.

Според Иванов, Македонија добива ново лице.
– Лице на земја во која се градат автопати, а земјоделците добиваат големи субвенции – рече Иванов, кој потенцираше дека ако повторно биде избран за претседател ќе продолжи да работи за сите граѓани на земјава.
– До крајот на годинава во економските зони во Македонија ќе се вработат вкупно околу 14 илјади лица. Како претседател во која земја и да одам во мојот тим секогаш има место за бизнисмените – порача Иванов.
И од Берово Иванов повторно изјави дека и покрај сите притисоци нема да дозволи пазарење со македонскиот идентитет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top