
Кандидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов вечерва на предизборен митинг во Делчево ја претстави својата програма и побара поддршка за нејзина реализација во вториот мандат.
– Пред почетокот на кампањата бев во источниот дел на нашата татковина при што ги
посетив Делчево и делчевчани и разговарав со многу граѓани, нудејќи им го мојот отчет за сработеното во изминатите пет години. Ги слушнав и желбите и потребите на Делчево и на жителите на Разловци и Габрово, на Звегор и Стамер, на Бигла и Тработивиште. Ги видов последиците од мачната и долга транзиција. Можам да Ви ветам дека ќе работиме посветено и напорно, тимски со Владата и со градоначалникот да се подобрат условите за живот, да се изгради трговско-индустриската развојна зона, да се изградат нови капацитети во кои младите ќе имаат работни места и ќе заработуваат со свој труд и свој ум – рече Иванов.
Осврнувајќи се на надворешната политика, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека членството во НАТО и ЕУ останува стратешка цел за која искрено ќе се залага и во иднина.
– Останува заедно да ги совладаме препреките на тој пат и со тимска работа на претседателот, премиерот, министрите и пратениците и на македонските дипломатски претставници во Брисел и во Њујорк и насекаде во Европа и светот, да ги исполниме
стандардите и заслужено со достоинство да се избориме за рамноправно членство во евроинтеграциите. Како врховен командант на АРМ досега и во иднина ќе се залагам за наше учество во сите мировни мисии, каде нашите војници и старешини рамо до рамо се со
војниците на НАТО, што се потврдува и со бројните одликувања, ордени и други признанија што тие заслужено ги добиваат од командите на нашите партнери и сојузници – подвлече Иванов.
Зборувајќи за економскиот развој, Иванов напомена дека се создадени основните предуслови со извршените реформи во законодавството и со изградбата на патната и комуналната инфраструктура и енергетиката.
– Се градат три автопати, се рехабилитираат мостови и регионалната патна мрежа, почнаа активностите за железничко поврзување со соседна Бугарија. Тие реформи даваат и ќе даваат резултати со отворање на илјадници нови работни места во новоотворените
капацитети на компании од странски, но и од домашни инвеститори, и не само во Скопје, туку и во другите градови на Македонија. Создадениот економски амбиент овозможи пораст на вработеноста, а тоа пак се рефлектира со пораст на платите, пензиите, субвенциите, стипендиите. Тоа е плод на усогласената политика и плод на посветената и тимска работа – истакна Иванов.
Пред жителите на Делчево се обратија и Амди Бајрам, Лилјана Поповска, Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров, кои се заложија за успешни и фер избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


