| четврток, 6 декември 2018 |

„Остен“ ги награди Марина Абрамовиќ и Хуан Миро

марина абрамовиќ

Марина Абрамовиќ и Хуан Миро, светски познатите уметнички имиња се добитници на главните награди на биеналето на цртеж на „Остен“ за 2014 година, кое ќе се одржи на 18 септември во галеријата „Остен“.

Абрамовиќ е наградена со Гран-при за животно дело, а Миро со наградата Светско културно наследство. Таа годинава има низа презентации во Европа, но не ја исклучила можноста да дојде во Скопје за да ја подигне наградата.
Пријавувањето за учество на биеналето е сè уште во тек и пристигнуваат уметнички дела од сите континенти. Интернационалното жири во јуни ќе ги селектира пристигнатите дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top