Ацо Кабранов дрско и некултурно ги навреди мнозинството граѓани од Македонија. Тој истакна дека поддржувачите на Ѓорѓе Иванов се “unwashed masses”, што буквално преведено значи „неизбањата маса“.
Освен што ова е навредливо да се пренесе во македонските медиуми и да го слушнат македонските граѓани, фрустрациите на Кабранов се пренесени во угледниот магазин „Економист“.
-Додека г-дин Иванов неодамна имаше турнеја низ селата во јужниот дел на Македонија со цел да го зајакне својот имиџ како “човек од народот”, еден од сојузниците на г-дин Пендаровски, Ацо Кабранов, ги дефинираше поддржувачите на претседателот како “неизбањати маси”(буквален превод). Згора на тоа, додека г-дин Пендаровски да ги каже своите ставови во однос на надворешните прашања, неговите критичари ги толкуваат неговите изјави во минатотот во врска со прашањето за името со Грција, согласно кои тој е против националните интереси. Овие прставување се исто така очигледни на социјалните медиуми кои играат се поголема улога во македонскиот политички живот, пишува Економист.
Ѓорѓе Иванов се уште ужива најголема поддршка од македонските граѓани. Опозицијата неможејќи да се помири со резултатите од анкетите кои го прикажуваат јавното мислење, преку своите новинари “удри“ по македонските граѓани.
Кабранов по којзнае кој пат за да ги заштити интересите на СДСМ, се расфрли со навреди и дрскост кон граѓаните.
Угледниот „Економист“ ја анализира состојбата во македонската политика пред парламентарните и претседателските избори.
Економист: „СДСМ и понатаму е слаб“
-Кандидатите мора да добијат или 10.000 потписи или гласови од 30 членови на парламентот (пратеници) за да се кандидираат (двајца кандидати не успеа да го исполнат овој услов и се повлекоа). За разлика од лесното повторно именување на г-дин Иванов, г-дин Пендаровски дури и не се обиде да се соберат потписи и всушност беше избран во тајност, од страна на неколку партиски лидери, кои на партискиот Конгрес на СДСМ најавија дека тој ќе биде единствениот кандидат. Над 130 делегати на СДСМ го бојкотираа Конгресот како одговор на оваа одлука. Всушност, иако Оливер Спасовски, генералниот Секретар на партијата, кој првично изјави дека Централниот комитет на партијата ја разгледува листата од осум кандидати, нивните идентитети никогаш не беа откриени, а ниту еден од аспиранти не напредуваше, пишува „Економист“.
Новинарите ги анализираат и случувањата во албанскиот блок.
-Политичката сцена на етничките Албанци моментално е дури и повеќе од поделена. Претходното барање на поделениот ДУИ за “консенсуален кандидат” во име на коалициска влада создаде контраефект: прво одби да предложи алтернативен кандидат на г-динот Иванов (и покрај тоа што смета да му се спротивстават), а потоа ја отфрли поканата на ДПА да понудат заеднички кандидат на етничките Албанци. Овој дипломатски срам го принуди ДУИ да се повлече од својот тврдокорен став, со што партиските функционери сега јавно говорат со смирувачки тон за г-динот Иванов, заклучува Економист.
Угледниот „Економист“ досега имаше неколку текстови, пофални за Македонија. Експерите таму ја анализраа поволната состојба за инвестирање и ниската задолженост на земјава. За во истиот овој весник да има негативен текст за нашата земја, се погрижи Ацо Кабранов. За него, стотици илјади луѓе од Македонија, односно најголемиот дел од македонските граѓани со право на глас се “unwashed masses”, што буквално преведено значи „неизбањата маса“.
Извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.