Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Макекдонија соопшти дека изготви „интернет платформа за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор простор и медиумите“, кој е поддржан од Национален фонд за демократија од Соединетите Американски Држави.
Платформата има за цел да собере информации за говорот на омраза во јавниот простор и во медиумите, но и да ги поттикне граѓаните, медиумите и новинарите да пријавуваат говор на омраза.
Со цел да се соберат информации од повеќе градови и локални средини покрај градот Скопје, Комитетот отвори два повика преку кои беа формирани два тима.
Првиот тим или волонтери за следење и мапирање на говор на омраза на локално ниво го претставуваат 22 волонтери, распоредени во 8 неадминистративни региони, односно 14 градови низ целата република, за период од пет месеци. Исто така формиран е и еден правно-политички тим кој во наредните два месеци ќе ги следи кандидатите за претседател и партиите кои влегуваат во изборната трка за парламентарните избори.
Комитетот ќе отпочне кампања за промоција на платформата преку електронските и пишаните медиуми, како и интернет медиумите и социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст