| четврток, 6 декември 2018 |

Избери дела, гледај шоу!

Stevo Pendarovski univerzalna 06 (Custom)

Раководството на СДСМ ќе се соочи со народот! Од партиски извори дознаваме дека информациите за жолчна расправа се само приказни од душманите, во СДСМ владее многу пријатна атмосфера, дружење, почитување и благосостојба. Членството секој ден се собира во партијата за на големи платна да ги гледаат обраќањата на Стево и Заев, а потоа сите заедно на мал коктел дискутираат за длабоките стратегии и вистини кои ги обелоденуваат овие вонвременски политичари.
Аналитичарите се во комплетен шок, секој ден се печатат нови трудови и натписи за новитетот во Европа каде раководството на една партија ќе реши да се соочи со народот и да превземе одговорност за резултатите од изборите.
– изборите се единствениот и најпрецизен мерлив репер за кредибилитетот и довербата со народот и никогаш до сега не е видено некој од раководството да биде на листата за пратеници и да превземе одговорност за евентален неуспех. До сега беше познат моделот ако се изгуби да изгорат анонимусите а ако се победи да си дојде раководството и да си го земе премиерското место. Тој е проверен модел во сите натпревари „Јас ве оставам трчајте, ако победите ќе дојдам по пехарот“, и до сега се покажа како најефикасен. Народот е презадоволен што е најважно, а и членството е во одлична тимска атмосфера за доброто на шефот. Уште еден новитет со кој се запознаваме тука е тоа што народот ќе гласа за луѓето кои ги гледаат а за Премиер ќе дојде друг и овој модел ќе се превземе во сите избори за мис каде што ќе се гласа за моделите кои ќе шетаат а круната ќе ја земе некој сосема друг. Тоа се тие моменти за изненадување и таинственост кои му фалат на народот. Исто така програма нема потреба да се каже од напред народот ќе си гласа на среќа, па кога ќе се изгласа ќе се види дали изборите се добитни или не. Изборите од оваа година одат на повисоко ниво, шоу ниво, кое до сега можеше да се види само на филм – изјави еден пресреќен аналитичар
Додека европските очи се вперени во нашата политичка сцена и поставувањето на новите темели на избирачките стратегии дознаваме дека Стево размислува да го објави неговиот став околу името. Неговиот став ќе биде дека ќе одбере став од Заев или од Рада што е на пример многу различно. Едниот е за виткање кичма другиот е за делумно виткање кичма. Што нормално не е исто ич. Во обраќањето на земјоделците најави дека ова омаловажување ќе престане и овие 7789 земјоделски фамилии кои користат државно земјиште ќе ги врати како во времето пред ВМРО. Стево гласно се залага за департизација и рече дека сите жители на Македонија ќе бидат еднакви, освен секако луѓето од неговиот тим кој секојдневно атакуваат на социјалните мрежи и безобразно ги навредуваат сите кои не мислат како нив бидејќи патот до департизација е со груб и невоспитан пристап. Настапите на Стево сам на сцена се тотално убедливи во неговата победа и толку е сигурен во себе што не му треба никој да му верува и да му застане на сцена. Од СДСМ изјавуваат дека секојдневно на паузите се забавуваат со звуците на нивната химна и воспоставување на добри односи со новите членови кои се помасовно се приклучуваат во партијата и замолуваат за трпение додека се печатат новите партиски книшки бидејќи не очекувале толкав број на нови сопартијци.

Мила ем весела

Мила ем весела

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top