| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарското дерби повторно актуелно

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17.30 часот се игра вечното дерби меѓу МЗТ и Работнички. Тоа е меч од првото коло од Суперлигата. Убедливо најдобриот тим во последните две години во Македонија против најтрофејната екипа во нашата земја. 119 дерби меѓу овие два ривала, во кое како поуспешен тим во меѓусебните дуели влегува Работничи. Сепак доминацијата на МЗТ со играчкиот ростер го става во фаворитска улога земајќи ги превид учествата во АБА-лигата и во Европкупот.

fa

МЗТ овие две години игра со далеку пореномирани противници во првиот дел од сезоната и искуството е на нивна страна. Работнички, кој едвај преживеа во годините што изминаа, успеа да направи состав кој може да се надева на највисок пласман во ова првенство.

цпб 1

Натпреварот, покрај дуелите на играчите, продолжува и на трибините. Најорганизираните две навивачки групи во Македонија, по пауза од една година, повторно ќе се сретнат очи в очи, „Фемили Аеродром“ против „Сити парк бојс“. Ривалството е големо и се очекува полна сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top