ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.Е.(39) од с.Каратманово – општина Лозово, за сторено кривично дело измама.
Во периодот од септември 2012 до февруари 2014 година, пријавениот довел во заблуда седум лица, дека ќе им обезбеди документи за работа во Шведска, по што од истите, на 03 октомври 2013 година со писмен договор зел по 200 евра, необезбедувајќи ги потребните документи, по што во текот на месец февруари 2014 година им рекол дека може да заминат за Шведска, меѓутоа сами да го платат превозот и да носат со себе по 1200 евра, а документите дека ќе ги добијат кога ќе пристигнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.