| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка со лажни туристички понуди измамила десетина лица

СВР Скопје поднесе кривична пријава за Д.К.(51), основач и управител на Друштво за транспорт, туризам и конслатинг „Алекс транс турс“ ДООЕЛ – Скопје за сторено кривично дело измама.

Во 2013 година, пријавената со лажно прикривање на факти и со лажно ветување дека ќе организира туристички аранжман во Лондон, иако не поседува соодветна лиценца довела во заблуда шест лица, кои извршиле уплата за аранжманот во вкупен износ од 164.205 денари.

Покрај ова, истата измамила уште четири лица за организирање автобуски превоз на релација Скопје-Сплит-Скопје, кој превоз не бил организиран, а паричните средства во износ од 17.360 денари од страна на оштетените биле уплатени на нејзина сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top