| четврток, 6 декември 2018 |

Директор на банка им крадел од сметките на Милена Дравиќ и Драган Николиќ

milena-dravic-i-dragan-nikolic

Шеф на експозитура на банка во Србија вчера бил уапсен под сомневање дека во 2009 година украл 800 илјади евра и тоа од штедните влогови на клиентите на банката. Како што пишуваат српските медиуми, Владан Барјактаровиќ бил вмешан во исчезнувањето на 130 илјади евра од експозитурата на банката, каде што, меѓу останатите свои штедни влогови имале и актерките Милена Дравиќ и Драган Николиќ, познатиот актерски пар.

Како што пишивуваат медиумите од таа земја, Барјактаровиќ пред два дена дошол во полиција и признал дека во последните пет години крадел пари од сметките на клиентите. Меѓу оние од чии сметки крадел се и на Николиќ и Дравиќ.

– Признавам дека земав пари од банката. Првпат тоа го сторив во 2009 година, а до 2014 година земав повеќе од 800 илјади евра. Тие пари ми беа потребни за да ги вратам коцкарските долгови. Страствен коцкар сум и постојано одам во казино. Имав долгови и морав да ги вратам. Немав друг избор – изјави тој.

Кражбите биле откриени кога некои од клиентите забележале дека имаат помалку пари на своите сметки и тоа го пријавиле во банката. Иако тој тврди дека почнал да краде од 2009 година, клиенти на банката, три години порадно забележале дека им недостигаат пари на сметките.

– Тоа беше во 2006 година, кога беше забележано недостигале пари од сметките на некои актери и пејачи, меѓу кои и Николиќ и Дравиќ. Барјактаровиќ очигледно имал „силен грб“ и никогаш не одговарал за тоа што го сторил – вели извор на српски „Курир“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top