
Потрес со магнитуда од 5,1 степен, кој е регистриран синоќа стотина километри југозападно од брегот на Северна Кореја, предизвика шпекулации дека е предизивкан од нуклеарна проба на режимот во Пјонгјанг.
Според британски Индепендент, станува збор за трет најсилен потрес на Корејскиот Полуостров од 1978 година, откако е поставена опрема за сеизмолошки мерења, но досега нема никакви потврди дека Ким Јонг Ун навистина наредил ново тестирање на нуклеарното оружје.
Шпекулациите се појавија откако минатиот викенд Министерството за надворешни работи на Северна Кореја се закани со „нов облик“ на нуклеарни тестови во случај американската и јужнокорејската војска да продолжат со своите вообичаени воени вежби кои во Пјонгјанг ги доживуваат како провокации. При тоа не е објаснето што точно значи формулацијата „нови облици“.
Епицентарот на потресоб бил 16 километри под морското дно, што упатува дека сепак не станува збор за тест затоа што укопување какво било нуклеарно оружје под морското дно е прилично тешкоостварлива мисија за Северна Кореја. Сепак, со самото тоа што потресот предизвика толкава бура реакции доволно сведочи за стравот од непредвидливоста на режимот на Јонг Ун.
Напнатоста меѓу Северна и Јужна Кореја во последно време ескалира не само со истреланите проектили со краток и среден дострел кои завршија во море, туку и поради размената на оган на спорната поморска граница поради што жителите од неколку јужнокорејски острови мораа да се засолнат во скривници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит


