За најлошото изумирање на Земјата пред 252 милиони години, кое уништило 90 отсто од морските суштества и 70 проценти од копнени ‘рбетници, е виновен микроорганизамот кој ослободува огромни количини на метан во атмосферата, откриле американските научници.
Според американските научници од Масачусетс од Институтот за технологија (МИТ), микроорганизмите одеднаш пред 250 милиони години почнале да произведува стакленички гас метан, кој е 20 пати поотровен од јаглерод диоксид.
Паразитите од океанот уништиле речиси 90 проценти од видовите на Земјата, од полжави и мали ракови, па се до праисториските форми на гуштери и водоземци.
Во минатото, астероиди, вулкани и пожари се сметале за причинители на масовното изумирање, но вината се префрла на микробите под име Метаносарцина.
Тие во атмосферата изфрлале колемо количество отрови кои драстично ја промениле климата и хемиската рамнотежа на океанот.
Поради тоа што не можеле да се прилагодат на промените многу видови животински свет исчезнале од на Земјата. Тоа што е навистина алармантно е фактот дека истите ефекти се јавуваат и денес како резултат на глобалното затоплување предизвикано од емисиите на стакленички гасови.
Анализата на геолошките наоѓалишта на јаглен откривла значително зголемување на емисиите на јаглерод, или јаглерод диоксид или метан, во време на масовното истребување.
– Вулканските ерупции никогаш неможат да прозведат толкаво количество отрови со седименти од камено доба – вели д-р Григориј Фурние МИТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.