Претседателот Иванов денеска ги посети жителите на Карбинци. Населението на Карбинци ја поздрави посетата од страна на претседателот Иванов и искажа поддршка за претстојните претседателски избори.
Жителите на Карбинци го запознаа претседателот Иванов со тековните проекти кои се спроведуваат во нивната општина, како и со проектите кои се планирани за во иднина. Претседателот Иванов истакна дека и натаму ќе ја поддржува реализацијата на сите приоритети, и на сите проекти на локалната самоуправа кои имаат за цел унапредување на севкупниот живот на населението во Карбинци.
На средбата беше изразено задоволство од санацијата на мостот на реката Брегалница меѓу селата Долни Балван и Таринци, што за жителите на оваа општина овозможува побрз пристап на пазарите во Македонија. Населението изрази задоволство од изградбата на фудбалското игралиште и очекува наскоро да биде пуштено во употреба и повеќенаменското игралиште и тениско игралиште во село Таринци.
Претседателот Иванов истакна дека и во иднина заедно со Владата ќе продолжат да работата на подобрување на патната инфраструктура, на економскиот развој на државата, на привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места.
Во таа насока, населението ги поздрави и активните програми и мерки за подобра пристапност до вработување, во кои учествувале 57 лица од општина Карбинци, од кои најмалку 20 лица се директно вработени.
Во текот на оваа и следната година, предвидени се 30 милиони денари од Агенцијата за рурален развој за реконструкција на мостот на реката Брегалница и за изградба на 2 плоштада и 3 паркови – кои веќе се во фаза на изградба.
Жителите на Карбинци ги поддржаа досегашните активности, политики и ставови на претседателот Иванов и ја поздравија неговата транспарентност во работењето и блискоста со македонскиот народ.
Во разговорите, жителите му порачаа на претседателот Иванов и натаму да продолжи да работи во интерес на граѓаните, да ги застапува државните интереси и да го брани македонскиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево