| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени тројца скопски крадци, кои со месеци оперирале низ Центар

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Х.(40), Р.К.(40) и Н.Р. (40) сите од Скопје, за сторени четири кривични дела тешка кражба и две кривични дела кражба, а против З.И. (36) за прикривање.

Пријавените во периодот од јули 2013 до февруари 2014 година, на подрачјето на Центар – Скопје, тешките кражби ги извршиле со употреба на погоден предмет при што од патнички возила, одземале разни предмети што се наоѓале во возилата, додека кражбите ги извршиле на подрачјето на Карпош и Чаир во станови од каде во згодна прилика – преку незаклучени врати влегувале во становите одземајќи пари, лап топ компјутери, мобилни телефони и др.

Првопријавениот Р.Х. лап топ компјутерите ги носел во сервисиот за компјутери „Арена“ во ТЦ „Чаирчанка“ сопственост на З.И, каде му биле откупувани за пониски цени иако З.И. знаел дека поттикнуваат од извршени кривични дела.

Од страна на судија на Р.Х, Р.К. и Н.Р. им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top