СВР Скопје-Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното ОЈО Скопје го предаде Е.К. (35) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
За делото кое е предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ, Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.
Пријавениот во текот на март 2014 година, од засега непознато лице, купил околу 800 грама наркотична дрога марихуана, која ја препакувал за улична продажба и ја чувал во своојот дом. Единицата за недозволена трговија со дрога во СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавениот се занимава недозволена трговија превзеде опертивно тактички мерки и активности за обезбедување на материјални докази и на 28 минатиот месец со наредба од Судија на претходна постапка, изврши претрес во домот на пријавените при што кај Е.К. се пронајдени и одземени 750 грама марихуана.
Инаку, Е.К. е регистриран сторител на имотни деликти, деликти проследени со насилство, како и на кривични дела од областа на недозволена трговија за дрога, за што му се поднесени 12 кривични пријави, за вкупно извршени 51 кривично дело. За кривичните дела за кои се товари, во периодот од 1995/2008 година, му се изречени и шест мерки засилен надзор од социјален орган и 13 казни затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.