| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски и Венизелос на конференција за заштита од геноцид во Брисел

poposki venizelos gg

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на Меѓународната конференција за заштита од геноцид, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Заедно со Попоски, на оваа конференција ќе присуствуваат бројни високи претставници на Обединетите нации, министри за надворешни работи и дипломати, меѓу кои и грчкиот шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос.

Иако не е најавена средба меѓу македонскиот и грчкиот миинистер, можно е на маргините на оваа конференција посветена на страдањето на цивилите во светот, Попоски и Венизелос да остварат неофицијална средба, како продолжение на нивните зачестени средби во последно време, откако Грција го презема претседателството со Советот на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top