Сирискиот уметник Моафак Макхоул влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи направи најголем мурал на светот од рециклирани материјали. Целта е да ја инспирира креативноста и надежта во неговата земја, која војната ја разорува.
Од Гинисовата книга на рекорди наведоа дека Макхоул и неговиот тим го завршиле муралот во Дамаск во јануари. Најголемиот мурал од рециклиран материјал е голем 720 квадратни метри.
Муралот е направен од отпад кој го собрале Макхоул и неговиот тим, кој го сочинуваат шест сириски уметници.
За создавање на муралот, уметниците користеле разни шарени отпадоци од автомобили, велосипедски гуми, цевки, лименки, огледала, керамика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.